Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Основниот суд во Охрид, денес од 13:00 часот ќе се оддржи ново рочиште за случајот „Лизгалиште“, односно тужбата на Секретарот на oпштина Охрид Димитар Спасески кон советникот Дејан Блажески.
Претходно Апелациониот суд во Битола ја прифати жалбата на Блажески и со тоа случајот е вратен на повторна постапка во охридскиот Основен суд.
Спасески го тужеше Блажески за клевета и побара отштета од 300.000 денари за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште. Во септември минатата година судот пресуди во полза на Секретарот на општина Охрид, односно дека Блажески треба да му исплати 20.000 илјади денари за нанесување на душевна болка.
Блажески на подготвителното рочиште се бранеше сам, бидејќи адвокатот му откажал само неколку часа пред рочиштето, па после тоа мораше да ангажира адвокат од Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес