Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 23.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 23.01.2017 година
– Чести осцилации на нивото на водата во Охридското Езеро, видно намалена котата деновиве
– Охрид застапен со промотивни текстови во британскиот портал „Stay Sure“ и романскиот портал за патувања во Југоисточна Европа Argophilia Travel News
– Блажески: Самото тоа што Апелација го врати случајот кажува дека ја зборувам вистината
– Јагијаши: Развивањето на туризмот има големо влијание врз економскиот, социјалниот, еколошкиот и бизнис сектор
– Ограбена подружница на Македонски пошти во Охрид
– Започна второто полугодие за основците и средношколците
– Никна нова депонија во близина на неколку репрезентативни хотели во близина на градот
– Охридски и струшки фудбалери на хуманитарен турнир собирање средства за помош на Трајан Целески-Тачо
– Горивата поевтинуваат од полноќ