јануари 23, 2017

Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Популарноста на Охрид меѓу туристичките интернет страници е сè поголема.

Деновиве за Охрид се пишува во интернет порталот за патувања низ Југоисточна Европа – Argophilia Travel News, кој е со седиште во Романија, основан од Михаела и Фил Батлер.

Лилиана Димитру Стефенс, која работи како консултант за осноси со јавност во Argophilia Travel News, во промотивниот текст кој го пишува за Македонија, посветува дел за Охрид, каде ги препорачува нуркањата во езерото.

Таа вели:

– Македонија како земја опколена со копно, нема излез на море, но нуркањето во кристалните води на Охридското Езеро, може да биде пријатно искуство. Доколку сте почетници, има 30-минутна обука како се нурка. Нуркачките тури се достапни низ целата година, но ќе морате да договорите предходно. Покрај откривањето на подводниот свет во Охридското Езеро, ќе можете да видите и остатоци од палеолитската доба, ги споделува своите искуства Стефенс.

Во текстот се застапени голем број на други туристички места, а за Македонија се вели дека нуди секаков вид на туризам за посетителите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука