јануари 24, 2017

Москва, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што соопшти руската новинска агенција Итар-ТАСС , ФИФА ждребот за светското фудбалско првенство ќе го одржи  на 1. декември во Кремљ.

Владимир Путин им дозволил на првите луѓе на ФИФА да го користат објектот во Москва за свечената церемонија на Мундијалот што во 2018 година ќе се одржи во Русија.

СП ќе започне на 14. јуни следната година на стадионот Лужники во Москва, а еден месец подоцна на истиот стадион ќе биде одигран финалниот натпревар. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука