јануари 24, 2017

Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот прволигаш Победа ја заокружи првата фаза од подготовките што ги реализираше во Прилеп и од утре се сели во Охрид.

Тренерот Зоран Штерјовски на подготовки ќе носи вкупно 24 фудбалери, а вториот дел од планираната програма ќе се реализира до 5-ти февруари, јави екипа.мк.

Во оваа фаза од тренажниот процес планирано е одигрување на претходно договорените контролни натпревари. Веднаш по сместувањето, фудбалерите на Победа од 14:00 часот ќе го одиграат првиот контролен натпревар, а противник ќе биде второлигашот Новаци. В недела на распоред е дуелот со Борац Чачак, на 1-ви февруари со босанскиот прволигаш Крупа, а на 4-ти февруари контролен меч со второлигашот Велазерими.

По враќањето во Прилеп ќе се продолжи со тренинзи на техничко-тактички план, а на 9-ти февруари е закажан пријателски меч со второлигашот Хоризонт Турново. Генералната проба пред стартот на пролетниот дел на првенството на Првата лига, тимот на Победа ќе ја има на 11-ти и 12-ти февруари во Кавадарци на Меморијалниот турнир „Вуко Каров“, каде го брани првото место освоено лани. (Крај)

извор: екипа.мк фото: екипа.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука