Обожавателите го одбележуваат роденденот на Тоше

Крушево, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Обожавателите од цела Македонија и Балкан не го забораваат 25 јануари, денот кога се роди Тоше Проески.

Роденденот на младиот човек кој преку љубовта кон музиката им покажа на сите како вистински се сакаат луѓето воопшто, со неговите препознатливи зборови: „Ве сакам сите“.

Тоше (Тодор) Проески е роден во Крушево на 25. јануари 1980 година, а во детството учествувал на фестивалот „Златно славејче“. Првиот настап како тинејџер му беше на фестивал во Прилеп.

Во текот на неговата кариера издаде многу албуми и песни кои засекогаш ќе останат хитови. Тоше беше пејач и композитор, хуманист , спортист. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top