јануари 25, 2017

Палермо, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Палермо е во потрага по четвртиот тренер оваа сезона, бидејќи досегашниот Еугенио Корини поднесе оставка од функцијата.

Италијанските медиуми објавија дека Корини клубот го напуштил на сопствена иницијатива, и со тоа  избегнал претседателот на клубот Маурицио Зампарини да му додели отказ.

Палермо по 21.коло се наоѓа на 19 место на табелата во Серија А со само 10 поени. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука