Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот, 27-ми јануарски ден, во Охрид донесе студено, но релативно сончево време.
Максималната температура во градот, според најавите на метеоролозите, се очекува да се искачи до 3. степени.
Прекрасните лебеди и галебите уживаа на сонцето малку на сувиот дел од езерото на кое „му се бројат коските“ поради нискиот водостој, малку во водата, а малку и на мразот кој останува украс на најплитките делови.
Погледнете дел од денешната убавина. извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес