јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 28-ми јануари на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, ќе се одржи Прв собир на сите младински генерации 1998, 1999, 2000, 2001 и 2002 од Фудбалскиот клуб „Новаци 2005“ од Битола.

Периодов, фудбалерите од прилепскиот прволигаш „Победа“ и второлигашот „Новаци 2005“ од Битола беа на подготовки во Охрид за вториот дел од сезоната.

Што се однесува до Новаци, овој второлигаш има големи амбиции за вториот дел од сезоната и желба за пласман во прволигашката конкуренција.

Собирот на младинските генерации утре ќе се одржи од 11:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФК „Новаци 2005“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука