јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишната С.М. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 26.11.2016 година во 20.10 часот на ГП „Деве Баир“,  при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на  пријавената по механички пат биле отстранети две страни, а додека други две страни биле видно одвоени од конецот со кој е споена патната исправа. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука