јануари 27, 2017

Струга, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – 24-годишниот Н.К. од Струга заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 20-ти овој месец, во Полициската станица во Струга, од страна на Н.С. е пријавено затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000 денари.

Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот, заради неисплатени две месечени плати. На тој начин сакал да ги принуди да му го исплатат заостанатиот долг кон него. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука