Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 29.01.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 29.01.2017 година
– Во Охрид денес сончево со умерена облачност и температура до 4. степени
– Литургија и акција за собирање средства за помош на Тачо во црквата „Св. Троица“
– Вечер за уживање со „Гласот на Јунан“ во Охрид
– Талевски: Охридското Езеро не е акумулација на ЕЛЕМ!
– Поради суспензија од КФМ, Куманово не го одигра мечот со АВ Охрид
– Трајан Целески – Тачо е опериран во Италија, неговата состојба е стабилна
– Пожар во близина на Специјалната болница „Свети Еразмо“