јануари 31, 2017

Москва, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Русија е перспективен партнер за НАТО во многу сфери, изјави поранешниот врховен командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис.

Тој е убеден дека Алијансата треба да се стреми кон соработка со Русија.

– Борбата со наркотрговијата, тероризмот и сакберт криминалот, заедничката активност на Арктикот, контролата врз ширењето на оружјето, научната, трговската и дипломатската соработка – има многу области за интеракција, изјави американскиот адмирал во оставка.

Тој смета дека руското раководство ќе се држи цврсто кон Алијансата. (Крај)

извор: ТАСС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука