Охрид/Ресен, 3. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дванаесет годишно момче се бори за живот откако вчера било пронајдено во бесознание на патот Охрид – Ресен кај депонијата Буково.
Од МВР информираат дека случајот e пријавен околу 17 часот. Детето паднало и се повредило во депонијата кај Буково. Од битолската болница, како итен случај, детето било префрлено на скопските клиники. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива