„Охрид во 10“ – 10. февруари 2017

Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_8213
Охрид во 10 на 10.02.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 10.02.2017 година

Пад на издадените одобренија за градба во Охрид.

– Најавен хуманитарен ракометен натпревар за помош на Тачо, кој ќе се одржи викендов.

– Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR најави богати награди за најдобрите таленти во Охрид и Струга.

– Љупчо Стојкоски – Лепи објави ново подводно видео  – Охридскиот Крап на зимување.

– Според календарот на ФИНА, годинешниот Охридски пливачки маратон ќе се одржи на 19-ти август.

– Кривична за охриѓанец поради оштета на доверители.

scroll to top