Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 13.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 13.02.2017 година
– Државниот завод за ревизија констатира дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид нема да заврши навреме.
– Граѓанската иницијатива Охрид SOS објави фотографии на кои се гледаат последиците од повлекувањето на водата во Охридското Езеро.
– Забележано намалување на бројот на домашни туристи, зголемен број кај странските посетители.
– Десет години „Операција Флориjан“ во Македонија, дел од активностите реализирани со Црвен крст Охрид.
– Најавена еднонеделна обука во Охрид на тема: „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“.
– Пијан охриѓанец во локал го нападнал обезбедувањето.