февруари 18, 2017

Охрид, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес православните верници ја одбележуваат зимската задушница.

Задушница се паѓа секогаш во сабота, една недела пред Прочка.
Според традицијата, во некои краишта на Македонија, на зимска задушница се раздаваат месени или сукани јадења.

Задушница секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен. Задушница е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.

Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни кои што се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски.

На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука