февруари 18, 2017

Коломбо, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во водите на Индискиот Океан, близу Шри Ланка, почина млад штипјанец кој бил дел од екипажот на брод на корејска компанија и го обезбедувал од пирати.

Од македонското Министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но нема информации како настапила смртта.
Медиумите пишуваат дека штипјанецот бил поранешен припадник на вооружените сили на АРМ.

Во соопштение од корејската компанија „ХГС Кореа“, на чиј брод наменет за превоз на стоки се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот океан во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, еден од неколкуте Македонци кои го обезбедувале бродот од таканаречените морски пирати. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука