февруари 19, 2017

Охрид/Струга/Македонски Брод, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кри­сти Реј­чел Маг­но – Трај­ко­ски од гра­дот Ке­зон, Фи­ли­пи­ни, жи­вее во Ма­ке­дон­ски Брод со нејзиниот со­пруг Бо­јан, со ко­го за­ед­но работе­ла на брод.

На се­кој стра­нец што би до­шол во Македонија, би му пре­по­ра­ча­ла да го по­се­ти Охрид, но и Ма­ке­дон­ски Брод, би­деј­ќи, како што вели Кристи, е ми­рен град со чист воз­дух.

– Во Ма­ке­до­ни­ја има мно­гу уба­ви ме­ста што би ги пре­по­ра­ча­ла на сите кои до­а­ѓа­ат ту­ка. Се раз­би­ра, пр­во Охрид, убав ту­ри­стич­ки град, по­тоа Стру­га, има и пла­нин­ски ме­ста што се пре­крас­ни во зи­ма, а јас ќе го пре­по­ра­чам и на­ши­от Ма­ке­дон­ски Брод, кој е мир­но ме­сто за жи­ве­е­ње, издвојува Кристи.

Таа е ма­ке­дон­ска снаа, која од љубов кон Македонија, научила течно да збо­ру­ва и пи­шу­ва ма­ке­дон­ски ја­зик. Ја са­ка ма­ке­дон­ска­та куј­на и при­го­тву­ва мно­гу ма­ке­дон­ски спе­ци­ја­ли­те­ти. (Крај)

извор: Start.mk фото: Република

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука