февруари 22, 2017

Стокхолм, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Саудиска Арабија која што е факт дека извршува воена агресија против Јемен, го зголемила увозот за неверојатни 212% и така стана вториот најголем увозник на оружје на светот.

Саудиска Арабија која што и натаму води воена агресија во Јемен, моментално е вториот најголем увозник на оружје во светот, стои во најновиот извештај на организацијата “SIPRI” (Стокхолмшки институт за мировни студии) кој што се занимава со истражувања на оваа тематика.

На првото место пред Саудиска Арабија моментално се наоѓа Индија која што опфаќа дури 13% од целиот глобален извоз на оружје – од нивните потрошени милијарди и милијарди долари заработуваат Западните земји, пред се САД, како и Русија.

Што се однесува до најголемите извозници на оружје на светот, на првото место секако и натаму се без конкуренција Соединетите Американски Држави.

– Во текот на последните 5 години повеќето земји од Блискиот исток примарно се свртија кон Соединетите Американски Држави и Европа и забрзано набавуваат напредни воени капацитети, изјави Питер Веземан од Стокхолмшкиот институт за мировни студии од каде што го извршија истражувањето. (Крај)

извор: Точка фото: Точка

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука