февруари 22, 2017

Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По силните реакции во јавноста и затворањето на портите кај Струга, нивото на Охридското Езеро полека се нормализира.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, деновиве таа е на околу два сантиметра над дозволениот минимум. Тоа резултираше со значително намален водостој на реката Црни Дрим кај Ложани.

– Просечниот водостој за февруари на реката Црн Дрим е 123 сантиметри, а деновиве е околу 20 сантиметри. Големо намалување на водостојот има и реката Сатеска, каде што на почетокот на оваа недела биле измерени два сантиметра, а вообичаено за овој период од годината е околу 16 сантиметри, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука