март 2, 2017

Скопје, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сончевите и топли денови се идеални за возење велосипед, а тоа е совршен начин на рекреација.

Покрај што ќе уживате на чист воздух ќе имате многу придобивки. Освен што возењето велосипед е супер кардио вежба за вашето тело, согорува калории, брзо ве носи до посакуваната дестинација и е мошне забавна активност која ќе ве исполни со чувство на среќа. Токму овој период е идеален за ваква забавна активност, велосипедот да ви стане најверен пријател. За ова алтернативно превозно средство на две тркала важи една позната изрека. Велат возењето велосипед не се заборава никогаш.

Според некои статистики, во светот постојат повеќе од една милијарда велосипедисти. Доколку немате навика да го користите, ќе ви презентираме уште неколку придобивки од возењето велосипед. Возејќи велосипед ја подобрувате кондицијата, работата на кардиоваскуларниот систем и согорувате калории. Сеедно дали го користите за одење на работа или за одмор и рекреација, ќе се чувствувате поисполнети со позитивна енергија и секако ќе му кажете збогум на стресот. Велосипедот е сојузник на заштитата на вашето време како и за заштита на воздухот и животната средина. Возењето велосипед покрај што е здраво, штеди и финансиски средства.

Ги има уште многу придобивки. Но, овие нека служат само како потсетување деке е време велоспедот доколку ви е зафрлен во некој дел од визбата, да го извадите на почесно место и што повеќе да го користите. (Крај)

извор: Точка фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука