март 3, 2017

Будимпешта, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нова ограда опремена со елекрошокови за несаканите мигранти, термички сензори, камери, како и звучници од кои ќе се објавуваат пораки на неколку јазици.

Вака Унгарија ќе ја зајакнува јужната граница со Србија „Внимание, внимание! Ве предупредуваме дека сте на унгарската граница“, ќе се слуша од звучниците на новата бариера, на англиски, арапски и персиски јазик. Своето барање за азил можете да го предадете во транзитната зона“, се додава во звучната порака која ќе ја емитуваат звучниците поставени на новата бариера. Оградата ќе биде челична и осветлена, а секој што ќе ја допре ќе го погоди со електрошок за кој изворите тврдат дека е благ. Меѓу новата и старата ограда на границата ќе патролира полицијата. Досега се завршени 10 километри од новата ограда, а остатокот од речиси 140 километри властите планираат да го завршат за два месеци.

Овој зафат ќе ги чини украинците околу 123 милиони евра. Јужната граница досега беше обезбедена со ограда од бодликава жица, за која властите се одлучија откако Унгарија на врвот од мигрантската криза во 2015 година беше главната рута за стотиците илјади мигранти кои тргнаа од Блискиот исток и Азија кон западна Европа. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука