март 9, 2017

Скопје, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бубрезите се незаменливи во извршувањето на својата функција на прочистување на организмот.

Токму денес се одбележува Светскиот ден на бубрегот, ден кога се потсетуваме да посветиме внимание на ризик факторите кои влијаат врз појавата и прогресијата на бубрежните заболувања. Следејќи ги светските иницијативи кои истакнуваат дека бројот на лица со прекумерна телесна тежина се зголемува и дека оваа состојба е ризик фактор за бубрежните заболувања, овогодинешната кампања е посветена токму на оваа тема.

Еве на што треба да внимавате за да ги одржите здрави овие скапоцени органи здрави и витални. Доколку пиете многу течности, избегнувате масна и солена храна, внимателно користите лекови бубрежната болест може да се спречи.

Ризикот од бубрежни заболувања или проблеми со бубрезите во голема мера може да се намалат со промена на начинот на исхрана. Порталот womenosophy.com не советува кои намирници докажано делуваат на здравјето на нашите бубрези. Како особено корисни за бубрежното здравје се истакнати маслиновото масло, рибата, потоа јаболко, брусница, лук, кељ.

zdrava hrana

Ако од денес одлучите да ги смените вашите прехрамбени навики, сепак она што досега сте го консумирале, можеби веќе нанело штета на вашите бубрези.

Па, еве ќе ви понудиме здравје во чаша и ќе ви помогнеме како сето тоа да го поправите. Земете по една банана, киви, лимон, четири ореви, свеж магдонос и чаша вода. Овие состојки ставете ги во блендер, додајте вода и мелемот за вашите бубрези е готов. Ќе ви одземе малку време, а ќе придонесе многу во одржување на здравјето на вашите бубрези.

извор: Доктори.мк  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука