март 9, 2017

Охрид/Тирана, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре во Тирана, во рамките на ГЕФ Дримскиот проект, се одржува работен состанок на Координативниот Тим на Проектот со националните експерти од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора кои ќе ги изработуваат Тематските извештаи во рамките на Прекуграничната Дијагностичка Анализа на Дримскиот Басен.

На состанокот ќе се утврдат начините на колектирање на податоците и изготвување на анализите и тоа за загадувањето, хидрологијата и хидрогеологијата, биодиверзитетот, социоекономијата, инстутиционалната и легална поставеност и врската помеѓу водата, енергијата, земјоделието и екологијата. Извештаите ќе треба да дадат заклучоци за статусот и мерките во сите наведени сектори.

– Овие извештаи се воедно поддршка на Прекуграничната Анализа и со тоа на Стратешкиот Акционен План за целиот Дримски Басен кој ќе ги утврди приоритетите за идна акција за заштита и унапредување на управувањето со баенот и со трите езера кои се во негови рамки – Охридско, Преспанско и Скадарско, информира Дејан Пановски, од Координативниот тим на ГЕФ, Дримскиот Проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука