март 13, 2017

Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од овој викенд во објектот на Fish and Lounge Bar Lihnidos ќе има повеќе тематски забави за сечиј вкус за посетителите.

Во петок, 17-ти март пред охридската публика ќе настапува Влатко Лозановски – Лозано.

Почетокот на забавата е во 21:00 часот.

Во сабота, 18-ти март, ќе има музичка вечер со Група Маестрал и младиот вокален интерпретатор Ристе Ристески. Исто така и овој насна ќе биде со почеток во 21:00 часот.

Додека во недела, 19-ти март ќе се одржи денска староградска забава со почеток во 13:00 часот, со настапот на Ансамбл Билјана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука