март 13, 2017

Берлин, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжи штрајкот на вработените на аеродромите во Берлин.

По оној во петокот, од утринава од 4 часот, аеродромските службеници стапија во 25-часовен штрајк. Повторно има откажании летови од двата аеродроми – Тегел и Шенефелд.

Штрајкувачите се грижат за чекирањето на патниците, прифаќањето и испраќањето на авионите.

Ова е обид да се направи нов притисок во спорот околу платите. Имено, синдикатот бара зголемување на платите за аеродромските службеници од 12 евра на час наместо околу 11 евра колку што изнесува сега, во рамките на преговорите за едногодишниот колективен договор.

Работодавачот им нуди околу 10 евро центи повеќе на час во текот на четири години.

До крајот на денов, според  портпаролот на двата аеродрома, се очекува на главниот Тегел, да бидат откажани 448 летови, а на аеродромот Шенефелд – 194.

извор: Макфакс  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука