март 20, 2017

Охрид/Скопје, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со вчерашната прес конференција на СДСМ, каде Јагода Шахпаска посочи за старо возило на Итната медицинска помош Охрид, кое се расипало на Стража, од Здравствен Дом Охрид упатија демант.

– Службата на Итна Медицинска Помош при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид покрај основната дејност врши и транспорт на пациенти до терциерни здравствени Установи, по укажана медицинска индикација и потреба.Тука влегуваат и транспортите на новороденчиња кои заради медицински индикации мораат да се упатат до Универзитетска Клиника Скопје, велат од Здравствен дом Охрид.

Додаваат дека транспортите се вршат со „санитетски возила кои ги исполнуваат сите светски и европски стандарди, во кои меѓу другото спаѓаат и приклучоци за инкубатор и друга медицинска опрема и апаратура“.

– Со такви возила на 11-ти и 17-ти март извршени се два транспорти на новороденчиња од Општа Болница Охрид до УК за Неонатологија Скопје. И двете новороденчиња пристигнаа во Скопје во најбрз можен рок, безбедно и сигурно и без никаков дефект на санитетските возила или било какво друго задржување по пат. Така што, наводите за дефект на некое од санитетските возилата на ИМП Охрид, наведени во пресот на г-ѓа Шахпаска се нотрона лага и дезинформација, додаваат од Здравствен дом Охрид.

Вчера, Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието и членка на Комисијата за здравство на СДСМ, на прес конференција лажа дека било „превезувано бебе од Охрид во Скопје, во старо возило на Итната медицинска помош, кое што се расипало на Стража“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука