април 5, 2017

Пекинг, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кинезите имаат „историски“ планови, ќе градат мегалополис во посебна економска зона „Сионган ново подрачје“.

Според најавите новиот град би требало да има површина тројно поголема од Њујорк.

Засега она што го објавуваат кинеските власти се рекламите за проектот со кои сакаат да ги поттикнат луѓето да купат недвижност на пуста земја. По само еден ден од објавата, цените пораснаа двојно.

Владата веќе одобри 36 милијарди долари за изградба на 1.100 км нови железнички линии за три години, а кои треба да бидат основа за транспортниот систем од новит мегалополис. Долгорочно е планирана и изградба на 24 градски линии (до 2050) година, а осум до 2020 година. Целта е од кој било крај во идниот град да се стигне до другиот крај за еден час.

Очекувањата се дека новиот град ќе го намали притисокот што се однесува на автомобили и луѓе со кои е преоптоварен Пекинг во кој живеат околу 22 милиони луѓе. (Крај)

извор: МИА  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука