април 10, 2017

Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Експертска група на УНЕСКО денеска доаѓа во контрола на Охрид, a ќе извршат увид на дел од почнатите градби и планираните објекти покрај брегот на Охридското Езеро.

Експертите на УНЕСКО ќе врши увид на новите објекти на Плаошник, на хотелот во Лагадин, на проектот експресен пат до Свети Наум, како и на планираниот скијачкиот центар на Галичица.

УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе и во реализација.

Неколку еколошките организации во овој период организираа бројни настани и трибини против планот за експресниот пат Охрид – Пештани преку Галичица, против планот за скијачкиот центар на Галичица, за новата елитна населба во Студенчишко Блато и туристичко-развојната зона во Љубаништа. Еколозите предлагаат мораториум на овие „деструктивни проекти и целосна примена на Ззаконот за управување на природното и културно наследство во регионот на Охрид.

Пред неколку години последниот мониорнинг на УНЕСКО покажа дека проектите за Плаошник не ги нарушуваат еколошките и археолошките стандарди. (Крај)

извор: MKD.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука