април 10, 2017

Охрид/Скопје, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Плановите на Општина Охрид да дозволи градба на елитна населба се загрижувачки“, сметаат од невладината организација „Фронт 21/42“.

Александра Бујаровска, правна експертка чиј фокус е животната средина, во новата сторија на Центарот за истражувачко новинарство „СКУП Македонија“ вели дека „Студенчишкото блато е десеткувано“.

– Со згради и цела пропратна инфраструктура која што е потребна да се направи едно такво домување. Овој предлог е во спротивност и со самата одлука на општина Охрид од 2012 година и со просторниот план на Република Македонија, вели таа.

Експертите ставуваат дека ендемичната Охридска пастрмка е на работ на истребување. За последните две и пол децении, количеството на икра е за 10 пати помало, а од езерото се извадени само 1,7 милиони икри. (Крај)

извор: Центар за истражувачко новинарство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука