април 11, 2017

Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – И покрај првичните најави дека експертите на УНЕСКО ќе го започнат мониторингот на Охрид од Плаошник, сепак, работните средби започнаа утрово со посета на управната зграда на Националниот парк „Галичица“.

Мисијата на експертите на УНЕСКО ќе биде во насока не само на мониторинг, туку и од советодавен аспект. Во наредните денови, експертите на УНЕСКО ќе врши увид на новите објекти на Плаошник, на хотелот во Лагадин, на проектот експресен пат до Свети Наум.

УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе и во реализација.

Во меѓувреме, невладини организации, реагираат дека „плановите за градба на елитна населба кај Студенчишко блато се загрижувачки“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука