април 11, 2017

Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на Велигденските празници, од канцеларијата на Дебарско – Кичевската епархија информираат за распоредот на богослужбите во охридските храмови.

12 април – Велика Среда
– Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија,едноцрквие во  црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7 часот.
– Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

13 април Велики Четврток
– Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет,во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник,со почеток во 7 часот.
Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
– Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18.30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ – Струга

14 април – Велики Петок
Наутро: Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.
Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.Богородица“- Каменско
Вечер: „Оплакување и опело на Христа“, почеток во 19 часот.
Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид.

15 април -Велика Сабота
– Вечерна со Василиева литургија во црквите „Св.Богородица“- Каменско и „Св. вмч. Ѓорѓи“,, со почеток во 8.30 часот.
Воскресна богослужба ќе има во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот.
Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник,со почеток во 23.30 часот.

16 април – Велигден
– Втора литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8.00 часот.
– Вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17 часот.

17 април – Втор ден Велигден
Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви, со почеток во 8.30 часот. Архиерејска литургија во црквата„Св. вмч. Ѓорѓи“ – Струга.

18 април – Трет ден Велигден
Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8.30 часот. За Варош,во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“- Охрид.

20 април – Светли Четврток
Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

21 април – Источен петок -Балаклија
– Утрена со Златоустова литургија  ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“ – Охрид со почеток во 7.30 часот.

23 април – Томина недела
Архиерејска литургија во црквата „Св.Никола“- долна влашка маала, Охрид, со почеток во 8:30 часот.     (Крај)

извор: Дебарско – Кичевска епархија   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука