април 15, 2017

Скопје/Охрид, 15. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ширење на мали сипаници, морбили и епидемија од нив може да се случи и во Македонија, предупредуваат здравствените работници и епидемиолозите.

Кај нас засега нема случаи на заразени, но болеста се шири во наша близина, а многу лесно се пренесува. Во Македонија е опаднат бројот на деца кои ја добиваат вакцината против морбили, рубеола и паротит-МРП.

Светската здравствена организација предупреди да се зголеми опфатот за вакцинирање за да се создаде колективен имунитет. Во Македонија, објаснуваат од Министерство за здравство, повеќе нема колективен имунитет. (Крај)

извор: moh фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука