април 17, 2017

Струга, 17. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По се` погласните реакции на социјалните мрежи, стружани утре ќе го кренат гласот против палењето на струшката депонија, кое со денови ја обви Струга и околината во чад.

deponijastruga3фото: Михајло Ристовски

– Веќе подолго време сме сведоци на системското труење што се случува во цело струшко поле, заради секојдневното палење на струшката депонија. Во време кога сите се стремат на рециклирање на отпадоци и промовирање на еколошки иновации, ние и нашите деца дишеме запалена пластика, без трошка совест од одговорните. Бидејќи институциите се слепи и глуви за оваа ситуација, време е ние, граѓаните да покажеме дека не сакаме и НЕМА да живееме во чад и магла. Ова е покана, преку единственото средство во рацете на народот, да го кажеме јасно и гласно! За нас, за нашите деца, порачуваат организаторите од Граѓанската иницијатива „Доста“.

deponijastruga1deponijastruga2фото: Михајло Ристовски

Протестот е закажан за утре со почеток во 16:00 часот пред Општина Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука