април 18, 2017

Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во Охридското езеро е 15 сантиметри над дозволениот минимум.

Доколку се анализира неделната табела за хидролошката состојба на езерото (од 11 до 18 април), се забележува дека нивото е покачено за два сантиметри. По се изгледа и вчерашните врнежи од дожд барем малку придонесоа во подобрување на состојбата со нивото на водата во езерото.

Колку за потсетување, оваа година се соочивме со алармантно низок водостој. Кон крајот на јануари езерото беше во минус со вода за дури 14 сантиметри.

Кога сме кај хидро мониторингот, температурата на водата во езерото, според последните мерења е 11,5 степени целзиусови. (Крај)

извор: ОхридПрес/ УХМР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука