април 19, 2017

Битола/Охрид/Струга, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани граѓани да се пријават на обуките за граѓанско новинарство.

За граѓаните од општините Вевчани, Дебарца, Кичево, Охрид и Струга, обуките ќе се одвиваат во Битола, на 4 и 5 мај. Додека последниот рок за пријавување е 28 април.

Пријавувањето е на електронската пошта: fiv@mcms.mk.

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Социјалните медиуми како канали на комуникација ќе бидат дел од програмата, како и блогирањето како можност за правење општествена промена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука