април 19, 2017

Струга, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот С.Ш. од струмичкото село Банско, кој во Струга изврши седум казнени дела од кои три „тешка кражба”, едно „тешка кражба во обид“ и три дела „кражба“.

Пријавениот казнените дела ги извршил во периодот февруари-март оваа година во Струга. Тој ги скршил стаклата на патничкиот автомобил „Хундаи“, противправно одземајќи 5.000 денари и од службено возило „Фиат пунто“ одзел две картички „Верна“ како и една чанта со службени документи. Пријавениот низ балконска врата влегувал во куќи и згради и одзел телевизор, ДВД, воздушна пушка и други предмети. Исто така одзел околу 20 метри кабел за улично осветлување на кеј „Борис Кидриќ“, сопственост на општина Струга како и околу 100 метри ребрасто црево сопственост на фирма изведувач на работите.

Предизвикал материјална штета од околу 100.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука