април 22, 2017

Охрид, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници утре, во црквата „Св.Никола – Долна влашка маала – Охрид, ќе се служи архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“.

Литургијата ќе биде со почеток во 8:30 часот.

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден (лат. Dominica in albis) — значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука