мај 11, 2017

Охрид/Струга, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ ќе бидат одржани серија информативни настани коишто ќе се однесуваат на законската регулатива и правната усогласеност која што ги засега малите и средни претпријатија.

Циклусот на информативни настани е започнат од 22 ри март и ќе трае се до 7 ми јуни. Настаните се организираат низ целата држава, во најголем дел во регионите надвор од Скопје.

Информативни сесии ќе има и во Струга и Охрид.

Темите кои ќе се обработуваат на овие настани вклучуваат права и обврски кои се однесуваат на: Даноци и Царини, Законот за животна средина и Законот за работните односи. Овие сесии ќе бидат водени од истакнати експерти во наведените области, кои ќе ги доближат до учесниците законските регулативи на овие теми и ќе поттикнат дискусија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука