мај 11, 2017

Охрид, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре, петок, 12 мaj „Corner“ Bistro ќе одбележи една година од својата работа.

Од локалот ги покануваат на роденденска забава сите нивни пријатели, клиенти, гости и посетители, кои во изминатава година уживаа во бројните забави, во пријатните мигови поминати со пријателите и блиските, и кои се насладуваа на сите гурмански задоволства што се послужуваат покрај различните видови кафе и пијалоци.

– Повелете заедно да го прославиме нашиот прв роденден. За вас се погриживме и обезбедивме големи попусти на многу пијалоци и храна, Ве очекува многу забава, велат од „Corner“ Bistro.

На роденденската забава посетителите ќе ги забавуваат дуо Пикси & Перо како и Dj Aleksandar.

Забавата ќе биде со почеток во 17 часот.

Што се однесува пак, до новитетите кои се нудат во „Corner“ Bistro, најново е Hagen-Dazs сладоледот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука