мај 11, 2017

Скопје/Струга, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Уметност на живеење Македонија“ е дел од меѓународната фондација The International Art of living Fondation.

Првиот Јогатон настан на масовно практикување јога, веќе се одржа во Скопје, а во наредните денови ќе продолжи и во другите градови.

Од 15 до 17 мај, волонтерите ќе направат посета на низа вискообразовни институции низ земјава и ќе ги посетат Штип, Струга и Битола. Ќе има средби со граѓаните и одговори на сите нивни прашања.

The International Art of living Fondation е едукативна и хуманитарна фондацијата која е основана во 1981 година со цел промовирање мир во светот и општество ослободено од стрес и насилство преку голем број хуманитарни проекти вклучувајќи резолуции за мир помеѓу спротивставени завојувани страни, помош при катастрофи и природни непогоди, активности за одржлив рурален развој, активности за зајакнување и еманципација на женската популација, активности за рехабилитација на затвореници како и активности за одржливост на животната средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука