мај 16, 2017

Струга, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 4 јуни Струга ќе биде домаќин на првиот фитнес настан на отворено, Форма Вита Опен 2017.

На овој спортски настан учество може да земат сите оние кои сакаат да внесат ново спортско искуство, без разлика дали се активни спортисти. Според организаторите, Спотскиот центар Форма Вита од Струга, главен дел од активностите е натпреварувачко трчање покрај езеро.

Предвидено е настанот да започне од машка плажа пред хотел Дрим. Трчањето ќе биде поделено во две групи: женска и детска трка.

На женската трка (1500 м) може да учествуваат припаднички на понежниот пол над 14 години. На детската трка (500 м) може да се натпреваруваат момчиња и девојчиња од 7 до 13 годишна возраст.

По трката, организаторите најавуваат голема зумба забава на летната сцена во Домот на културата “Браќа Миладиновци”, како и доделување голем број награди и изненадувања.

Партиципацијата за учество за возрасните чини 300 денари, додека за децата 150 денари. Секој пријавен учесник ќе добие маичка и диплома за учество.

Заинтересираните може да се пријават во Спортскиот центар Форма Вита – Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: Форма Вита

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука