мај 17, 2017

Виена, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Австрискиот Парламент доцна синоќа усвои закон со кој се забранува во јавност носење на бурки, односно облека која целосно го покрива лицето.

Законот ќе почне да важи од октомври. Оттогаш носењето на облека што целосно го покрива лицето во јавност ќе се казнува со глоба во висина од 150 евра.

И покрај несогласувањата во владејачката коалција, оваа одредба е дел поширок интеграциски закон, на кој Владата предложи да се работи.

Со друг дел од новиот закон се забранува ширењето на Куранот и се бара од сите мигранти во Австрија да преминат “интеграциска година” во која ќе учат германски јазик и етички правила.

Оваа одредба ќе се однесува на бегалците и азилантите за кои се проценува дека имаат добри шанси да останат во Австрија. (Крај)

извор: МИА   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука