Рим, 31. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини повторно во репрезентацијата на Италија.
Според написите во медиумите тој ќе биде тим менаџер на националниот состав.
Малдини ќе биде врска помеѓу репрезентацијата која ја предводи Џанпјеро Вентура и раководството на Фудбалскиот сојуз на Италија.
Досега оваа функција ја извршуваше Габриеле Оријали, кој или ќе се врати во Интер, клуб за кого играше во осумдесеттите години од минатиот век или ќе му се приклучи на Роберто Манчини во Зенит.
Паоло Малдини беше дел од италијанската репрезентација во периодот 1988 – 2002 година. Има одиграно 126 натпревари и постигнал седум голови. Легендата на италијанскиот фудбал дресот на Милан го носел на 904 натпревари. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива