Велешанец пукал во Никола Тодоров

Скопје, 01. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – 57 годишен велешанец се обидел да го убие Никола Тодоров.

Обидот за убиство на поранешниот министер за здравство и екс вицепремиер, го сторил Љупчо С. Како што дознава Макфакс, Тодоров не е во животна опасност.

Инаку, настанот се случил пред Министерството за здравство, каде Тодоров пристигнал за да ја предаде функцијата на новиот министер, Арбен Таравари.

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него. (Крај)

извор: Макфакс  фото: Нова тв

scroll to top