Охрид, 1. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за климатски промени (ЦКП) и Општина Охрид во јуни минатата година започнаа со спроведување на Проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационални бизнис консултанти“ (SCBE/TBC).
– Главна цел на проектот е да се зајакне економскиот развој во прекуграничниот регион меѓу Македонија и Грција преку промоција и јакнење на претприемништвото и намалување на невработеноста. За таа цел Ве покануваме да се приклучите во проектот и да обезбедите бесплатна консултантска помош која ги вклучува следните активности: обука за подобрување на Вашиот бизнис (распределена во 3 модули), изработка на бизнис планови за 50 компании и сертификација на изработените бизнис планови и онлајн консултација со експерти за различни прашања поврзани со работењето на Вашата компанија. Вклучувањето во проектот ќе овозможи да ја зголемите конкурентноста на пазарот, да обезбедите подобро стратешко и маркетинг планирање, подобро управување со ресурсите и генерално да го подобрите работењето на Вашата компанија, информираат организаторите.
Активностите ќе се спроведуваат во Охрид во периодот јуни-октомври 2017 година и во истите можат да се приклучат компании кои се регистрирани на територија на Југозападен плански регион, работат не помалку од 3 години, имаат минимум 1 вработен и припаѓаат на следните сектори: (услужни, хотелско-туристички, производство и консултантски дејности).
Сите заинтересирани компании дополнителни информации можат да добијат на телефоните 078/423-653 и 071/390-534 или на е-маил: [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива