Охрид, 1. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридска банка Сосиете Женерал, организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии, која ќе се одржи во Охрид, од 3-ти до 28-ми јули 2017 година.
Концептот на школата е интерактивен со практични и тематски предавања кои ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.
– Програмата на школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од областа на банкарството и финансиите, обуки за меки вештини, предавачи од реномирани компании, како и многу забава, дружење и едукација. Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците, информираат од банката.
Сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии, можат своите Апликации да ги достават на e-mail: [email protected] со назнака „Апликација за летна школа“, најдоцна до 12 јуни 2017 година. Трошоците за храна и сместување во текот на времетраењето на школата, ќе бидат покриени од страна на Охридска банка Сосиете Женерал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива