јуни 8, 2017

Киев, 8. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во амбасадата на САД во Киев нешто по полноќ одекнала експлозија, во која нема повредени, соопшти денес украинската полиција.

– Инспекторите утврдија дека непознато лице фрлило експлозивна направа на територијата на дипломатската мисија. Никој не е повреден во експлозијата, се вели во полициското соопштение и се додава дека е отворена истрага.

Портпаролката на киевската полиција за руската агенција Тасс изјави дека експлозијата се третира како „акт на тероризам“.

Претставник на амбасадата на САД во Украина за Франс прес изјави дека амбасадата продолжува да функционира нормално.

извор: МИА   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука