јуни 10, 2017

Абу Даби, 10. јуни 2017(ОХРИДПРЕС) – Обединетите Арапски Емирати испорачуваат борбени авиони и хеликоптери на режимот на маршалот Хариф Хафтар, кој владее со источна Либија, пишува францускиот весник  Ле Фигаро, повикувајќи се на извештај на ОН.

Според извештајот на експертите на ОН, испратен во мај до членовите на Советот за безбедност , ОАЕ даваат материјална и непосредна поддршка на Националната либиска армија, која значително ја засилува својата авијациска компонента.

Се зголемува туѓата воена помош за вооружените групи, се испорачува оружје, се прави обука, а се дава и техничка поддршка, стои во извештајот.

Експертите на ОН успеале да ја пронајдат маршрутата на хеликоптерите кои од Белорусија одат за ОАЕ и потоа доставиле фотографии, на кои хеликоптерите се наоѓаат во авиобазата Ал-Хадим во источна Либија, контролирана од силите на Хафтар. (Крај)

извор: Макфакс    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука